Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Прилози

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Една поплава беше доволна да покаже колку се ранливи државните податоци и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една поплава беше доволна да покаже колку се ранливи државните податоци и колку ни е потребен национален дата центар. Локацијата е утврдена, државата активно бара меѓународни партнери за финансирање на проектот, а во меѓувреме се работи и на урбанизација на парцелата.  Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува камен темелникот да биде поставен во 2027 година.

„Веќе ја утврдивме локацијата, треба да ја урбанизираме за да аплицираме до меѓународни партнери за финансирање, точно ја знаеме парцелата, кога ќе имаме договор со утврдена локација со урбанистички проект ќе го презентираме на јавноста, се надевам 2027 ќе успееме да ставиме камен темелник на нац податочен центар.“– вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Националниот податочен центар е планирано да се изгради во близина на Скопје, во непосредна околина на Технолошко-индустриските развојни зони кај Бунарџик. Како што претходно беше објавено се работи за парцела на која нема плодно земјиште.

Реклама

Според министерот, неодамнешната поплава во поранешната зграда на „Нова Македонија“, каде што е сместено и министерството за дигитална трансформација,  ја покажа ранливоста на државните системи. Изградбата на националниот центар треба да обезбеди посигурно чување на државните податоци и поголема отпорност на електронските услуги при непредвидени ситуации.

„Ги преместивме сите сервери за да не си дозволиме да имаме прекин. Не е подготвена секоја институција да реагира исто, кога ќе имаме еден национален податочен центар тоа е обврска на една институцијса, ќе има второ напојување, батерии, агрегати.“- вели Андоновски.

Се комуницира со потенцијални инвеститори, но засега не се откриваат имиња на компаниите. Во процесот е вклучен и приватниот сектор кој може да придонесе со инфраструктура, знаење и опрема.