Реклама

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Прилози

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Инфлацијата останува стабилна, приходите, но и расходите се намалуваат, а развојната компнента…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата останува стабилна, приходите, но и расходите се намалуваат, а развојната компнента останува. Вака експертите во една реченица го коментираат ребалансот на буџетот кој го донесе Владата. За нив, ова прекорјување на буџетската каса е очекувано. Војната на Блискиот исток и мерките за задржување на стандардот на граѓаните го зедоа данокот со буџетска дупка од 86 милиони евра.

Со ова се покажува строга фискална дисциплина под ваквиот притисок. Фактот што останува дефицитот од околу 4 проценти, Владата се обидува да не влезе во спирала на неконтролирано задолжување. Ако ги оставеше сите трошкови на буџетот претходно планирани и плус инфлацијата одозгора, можеше да се зголеми дополнително инфлацијата, вели Дарко Симуновски, извршен деиректор на „Лимитлес фонд Менаџмент“.

Со новите проекции, вкупните приходи се поставени на нешто над 6,1 милијарди, додека расходите изнесуваат околу 6,8 милијарди евра. Буџетскиот дефицит останува непроменет на ниво од 4,1 отсто од БДП или околу 753 милиони евра. Најмногу се крати кај капиталните расходи за околу 92,7 милпиони евра, најчесто кај неодложени или непочнати проекти. Најголеми кратења се забележани кај Министерството за енергетика околу 31 милион евра), Министерството за животна средина околу 24 милиони евра, како и кај Министерството за финансии и Управата за извршување санкции. Од друга страна, ослободените средства се пренасочени кон здравството и социјалната заштита, вклучително и зголемени средства за социјална помош преку Министерството за социјална политика и ФЗО.

Реклама

Експертите дополнуваат дека, кратењето од енергетика и животна средина на незапочнати проекти, покажува дека Владата се откажува од непотребно заглавување на средства. За Симуновски, оваа одлука значи пренасочување кон развој.

Ова е добро менаџирање бидејќи тие се пренасочуваат во проекти што можат да ни служат на сите нас. Со оваа распределба дефинитивно добро е што се останува во трошењето на кјапиталните проекти, на инфраструктурните проекти и на коридорите 8 и 10 и секако соц трансфери, затоа што социјалните трансфери, тие мора да останат како социјален штит за најранлиите категории на граѓани во државата де го почлуствуваат тој инфлационен шок што наидува, додаде Симуновски

За експертите, предизвик кој треба да се надмине во иднина е да се работи на намалување на буџетскиот и трговскиот дефицит. Тие предлагаат поддршка на извозно ориентираните компании, но и на услужните дејности, со цел да се задржи и зголеми растот на БДП, кој треба да биде над инфлацијата за да може да се почуствува бенифит кај граѓаните.

Следен чекор е претставување на ребалансот на буџетот пред пратениците, а истиот треба да го одобри Собранието.