Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Прилози

Министерката Божиновска ветува сигурно снабдување со струја- Владата презема мерки за да нема ценовни шокови

Владата прави сѐ за да нема нови ценовни шокови за граѓаните и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата прави сѐ за да нема нови ценовни шокови за граѓаните и гарантира сигурност во снабдувањето со електрична енергија пред претстојната грејна сезона. Ова е главната порака од министерката за енергетика, Сања Божиновска, во интервју за МИА. Таа додава дека некои работи не може да се контролираат, но  ќе се вложат напори производството  на струја да биде на одлично ниво.

-Во разговор со претставниците на ЕСМ, бев информирана дека во моментов имаме 40 проценти од акумулациите. Сега, во овој период од годината, тоа се многу добри бројки. Ние како држава ќе преземеме сѐ за да има сигурност во снабдувањето, односно секогаш да има електрична енергија за граѓаните–истакна министерката за енергетика Сања Божиновска

И покрај глобалните турбуленции, државата подготвена ќе ја дочека зимата. Во однос на можноста следната година да се продолжи периодот на евтина струја, Божиновска рече дека Регулаторната комисија за енергетика прави анализи, имајќи го предвид и зголемениот број фотоволтаични електрани во земјата. Таа најави средба со претседателот на Комисијата за да се разгледаат можните решенија во интерес на граѓаните

Реклама

Ние како Влада правиме сѐ да нема некакви ценовни шокови за граѓаните, бидејќи во првиот тарифен модел се наоѓа најголемиот број од населението, значи околу 80 проценти. Ќе направиме сѐ да нема некакви поскапувања, меѓутоа знаете дека постојат незивесности. Еве, видовте војната во Иран што може да предизвика на глобално ниво. Некои работи ние едноставно не можеме да ги контролираме, но што се однесува до производството, ќе направиме сѐ за да биде на одлично ниво, односно ќе гледаме да нема некакви ценовни шокови–истакна министерката за енергетика Сања Божиновска

Божиновска се осврна и на регионалната енергетска соработка, по учеството на Вториот министерски самит за енергетика во Белград. На билатералната средба со бугарската министерка за енергетика, Ива Петрова, разговарале за батериски системи за складирање енергија, поврзување на електроенергетските пазари, прекугранична размена и мерки против енергетската сиромаштија. Меѓу темите биле и Иницијативата Исток–Запад за дополнително електроенергетско поврзување меѓу Македонија и Бугарија, како и можностите за заеднички настап пред меѓународните финансиски институции за стратешки проекти.