Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во пресрет на грејната сезона, од „Национални шуми“ со апел до граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на грејната сезона, од „Национални шуми“ со апел до граѓаните да не купуваат огревно дрво од сомнителни лица, и ако им се нуди по пониски цени. Оттаму велат дека со секое вакво купување директно го поддржуваат дрвокрадството.

Досегашната практика покажува дека зад секоја дива сеча не стојат само поединци, туку организирани мрежи кои профитираат од природното богатство. Во борбата со дрвокрадците, неретко се случува шумочуварите и шумската полиција да се соочуваат со закани и напади, за кои напаѓачите може да заработат и сериозни затворски казни, бидејќи станува збор за службено лице.

„Сите оние кои ќе се дрзнат во иднина да кренат рака на овластено службено лице, треба однапред да бидат подготвени дека следува сериозна затворска казна, бидејќи станува збор за напад на службено лице“, изјави заменик-директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов.

Реклама

Но, покрај контролите на терен од „Национални шуми“, велат дека се следат и можни злоупотреби во самото претпријатие. Михаилов посочува дека во одредени случаи има сомнежи за поврзаност на вработени со лица инволвирани во бесправната сеча.

„Да, сè уште наши вработени за кои засега утврдивме одредени конекции со криминалните структури и онаму каде што тоа ќе го детектираме, нема пардон. Веднаш се отпочнува постапка по однос на она кое што го имаме како докази и имаме суспензии, кривични пријави, дисциплински постапки“, изјави заменик-директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов.

Дека дрвокрадството е сериозен проблем покажуваат и полициските акции. Лани, поради сомнежи за бесправна сеча во Берово и Пехчево, беа приведени 15 луѓе, меѓу кои и вработени во „Национални шуми“, а проценетата штета беше над 6,4 милијарди денари.