18 настапи низ 13 градови, 67 македонски и странски уметници, меѓу кои Хозе Карерас придружуван од Македонската филхармонија монолит шоу на Дејвид Гета, 20 танчери и актери. Сето ова за 5 и пол милиони евра. Владата во детали го презентираше извештајот за се што е потрошенио за одбележувањето на 35 години независна Македонија. Државна лотарија финансирала директно 5 милиони евра, а останата сума биле кофинансирани од самата агенција. Се што било потрошено имало за цел достоинствено одбележување со почитување на историјата, афирмирање на националната култура, отворање простор за современ уметнички израз и одговорност во користењето на јавните средства.
- „Вкупната вредност за сите реализирани активности изнесува 340 509 749 денари, кои во извештајот се распределени во пет основни категории и тоа: хонорари за артисти и изведувачи – 129,3 милиони денари (вкупно 67 уметници), продукциски трошоци – 96.2 милини денари, логистички трошоци – 58,5 милони денари, маркетинг – 2,8 милиони денари и хонорари за соработници – 53,5 милиони денари (21 компанија за логистрика на терен). Од оваа сума Државна Лотарија покрила 300 милиони денари, а останатите се кофинансирање од самата агенција“ рече Марија Митева – Портпарол на Влада.
Колку чинел секој настап поединечно, Државна лотарија нема увид. Директорот Климовски објаснува дека тоа било обврска на продукцијата Стардаст која ги ангирала сите музички уметници. Но според него вкупните износи се опфатени во извештајот, а исплатите на музичарите биле спроведени преку државниот систем и за нив бил платен данок преку Управата за јавни приходи.
- „Во делот финансиска примена на средствата, ние ги контролираме тоталните суми по петте одделни позиции за да утврдиме дека операторот ја исполнил финансиската рамка на договорот. Поединечните суми и хонорари се уредени со внатрешни договори помеѓу „Стардаст“ како главен изведувач и самите уметници или нивните матични агенции. Лотарија не може да ја провери нивната точност, иако верува во она што е обезбедено и реализирано“ рече Александар Климовски – Генерален директор на Државна лотарија.
Според Климовски, веднаш по преземањето на директорската функција се обратил до Државниот завод за ревизија, имајќи го предвид обемот на материјалот поврзан со работењето на Лотарија. Ќе следуваат проверки на работењето во 2023 година, а можно е да биде опфатена и 2022 година.
- „Случајот е утврден од страна на Државниот завод за ревизија кога дојде за 2024 година. Сега ќе следи истрага за 2023 година, да видиме колку пари фалат и за 2023 година. Може и за 2022 да видиме колку фалат“, изјави Климовски.
Од ревизијат беше утврдено дека недостасуваат 80 милиони денари, Финансова полиција истражи и поднесе кривична пријава за директорка и шефица за финансиски работи. Обвинителството отвори истрага, а едната од нив е притвор друга во куќен.

