Граѓаните на Неготино денеска ќе можат со свои предлози да учествуваат во креирањето на буџетот на Општината за 2027 година, информира градоначалничката на Општина Неготино Марија Нацева.
-По завршувањето на активностите во селата во неготинска општина кои се однесуваа на одржување средби на кои тие можеа да доставуваат предлози за реализација на проекти и со тоа да учествуваат во креирањето на програмата за работа на Општина Неготино и општинскиот буџет за наредната 2027 година, иста таква можност ќе имаат и граѓаните на Неготино – појаснува таа.
На градскиот плоштад во Неготино, денеска, пред влезот на градскиот пазар, ќе биде поставен штанд кој ќе биде опслужуван од вработените во локалната самоуправа.
-На штандот ќе има формулари на кои секој заинтересиран жител на градот ќе има можност да даде свој предлог за спроведување на проекти за кои тој смета дека се потребни во градот. Доколку предлозите се издржани, ќе најдат свое место во програмата за работа, а аналогно на тоа и ќе се обезбедат средства за нивна реализација – истакнува Нацева.
Од Општина Неготино со повик до сите граѓани да се вклучат во оваа активност и да дадат сопствен придонес во развојот на Неготино и населените места.

