Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Министерот Сулејмани ги посети институциите од културата во Битола

– Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани од Музејот на албанската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани од Музејот на албанската азбука ја почна работната посета на институциите од културата во Битола, каде што ја разгледа постојаната музејска поставка посветена на историското значење на Битола во развојот на албанската писменост и одржувањето на Битолскиот конгрес во 1908 година.

Какo што соопшти Министерството, Сулејмани вчера оствари средби и со директорите на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, Центарот за култура, Народниот театар – Битола и Камерниот оркестар во Битола.

-На средбите со Нуер Арслани, Маргарета Спасов, Сашо Илковски, Васко Мавровски и Љупчо Милевски, Сулејмани се запозна со актуелните состојби во установите, нивните програмски активности, реализираните проекти, како и со предизвиците и потребите за нивно натамошно функционирање и унапредување, наведува Министерството денеска во соопштение. 

Реклама

Во рамките на посетата на Битола, Сулејмани изврши увид и во градежните активности за реконструкција, санација и адаптација на поранешното кино „Партизан“, капитален проект вреден 94 милиони денари.

-Работите се одвиваат со добра динамика и очекуваме во првата половина од следната 2027 година целосно да го обновиме и да го ставиме во функција овој објект, кој ќе прерасне во современ, мултифункционален културен центар. Тој ќе отвори нови можности за одржување концерти, изложби, кинопроекции и други културни настани, но ќе биде и ново место за средба на уметниците и граѓаните, истакна Сулејмани.

Министерството посочува дека Битола е еден од најзначајните културни центри во државава, со богато културно наследство и силна институционална и уметничка традиција.

-Преку инвестиции во културната инфраструктура, заштита и афирмација на културното наследство и поддршка на културното творештво, Министерството за култура и туризам продолжува да создава подобри услови за развој на културниот живот и поголема достапност на културните содржини за граѓаните, се наведува во соопштението.