Реклама

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Прилози

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

По 27 месеци од доаѓањето на оваа Влада, економските показатели упатуваат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 27 месеци од доаѓањето на оваа Влада, економските показатели упатуваат на тоа дека земјата се движи во вистинска насока. Премиерот Мицкоски со доза оптимизам зборуваше за плановите Македонија да ја подобри својата геостратешка позиција на Балканот, но и во Европа. Тој рече дека со изградбата на автопатиштата, гасните интерконектори со Србија и Грција, пругите, како и на далноводот кон Албанија, Македонија станува важна крстосница што се темели на 4 столба: патната, железничката, гасната и енергетската инфраструктура.

„Очекувам следната година пуштање на гасоводот кој ќе ја поврзе земјата со нашиот јужен сосед. Започнати се работите на гасниот интерконектор со нашиот северен сосед. Се работат автопатските делници и поврзувањата кои се дел од Коридорот 8 и 10д. Очекувам на Коридорот 10д, првите километри да бидат пуштени следната година, се работи интерконекторот на високонапонско ниво. Геостратешкото значење на земјата станува навистина нешто кое што претставува поголема моќност за сите граѓани, но претставува и предуслов да се развиваат современи индустрии, а државата добива навистина нешто поголемо, голема додадена вредност кога станува збор со споредбата и компарацијата со годините во во минатото“ – рече Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека од држава, која , како што кажа, била во амбисот пред повеќе од две години, сега во време на една од најголемите енергетски кризи, може да се пофали со висок економски раст, 5-ти најголем во Европа и умерена инфлација во третиот квартал, за 25% помала од просекот во Европската Унија.

Реклама

„Во вториот квартал , растот на БДП е 4,3% и е во првите пет во Европа и убедливо е меѓу најголемите во регионот, ако не и најголем, Истовремено, значајно е да се напомене дека се консолидирани од аспект на трошоците на живот, инфлацијата во третиот квартал во просек е 2,5%. Било каде во соседството, дали е нашиот јужен, источен, западен сосед, ќе забележите инфлација од 5 и повеќе проценти“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Консолидацијата на финансиите е евидентна, вели премиерот. Државната статистика го ревидирала економскиот раст во 2024 година од 3% на 3,8%, со што земјава има помал јавен долг како процент од БДП. Мицкоски нагласи дека доброто и одговорно управување со државните пари резултирало со задржување на  стабилниот кредитен рејтинг кај сите меѓународни агенции.