Реклама

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Македонија

Универзитет Скопје одбележа 20 години постоење: Јубилеј на знаењето, академските успеси и меѓународна соработка

Со свечена академија во Македонската опера и балет, Универзитет Скопје одбележа 20…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечена академија во Македонската опера и балет, Универзитет Скопје одбележа 20 години постоење, посветеност на високото образование, развојот на науката и градењето меѓународни академски партнерства.

На јубилејната свеченост присуствуваа угледни гости од земјата и странство, професори и научници, ректори и претставници на универзитети, членови на дипломатскиот кор, претставници на државните институции и деловната заедница, како и долгогодишни соработници и пријатели на Универзитетот

Свеченоста беше посветена на досегашните достигнувања на Универзитетот, но и на новите генерации академски образовани млади луѓе кои со своето знаење и професионален потенцијал треба да придонесуваат за развојот на општеството.

Реклама

Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, во своето обраќање упати благодарност до присутните гости за поддршката, довербата и заедничкиот придонес во развојот на Универзитетот. Посебен поздрав им упати на родителите на дипломците и магистрите, истакнувајќи ја нивната важна улога во образованието и успехот на младите генерации.

„Дваесет години Универзитет Скопје се две децении посветеност на знаењето, образованието и развојот на младите луѓе. Нашата најголема вредност не се само постигнатите резултати, туку генерациите студенти кои преку образованието ги градат своите професионални патишта и придонесуваат за развојот на општеството. Веруваме дека квалитетното образование е една од најважните инвестиции во иднината на државата“, истакнa ректорот Миленковски.

Признанија за исклучителен придонес во науката и образованието

Централен момент на свечената академија беше доделувањето високи академски признанија и златни плакети на истакнати личности и меѓународни организации кои придонесуваат за развојот на науката, образованието и меѓународната соработка.

Почесната титула Doctor Honoris Causa му беше доделена на проф. д-р Горан Бандов, кој во своето обраќање ја истакна блискоста и меѓусебното разбирање како темели на соработката.

„Ние се разбираме и кога молчиме, затоа што се разбираме со срце“, истакна проф. д-р Бандов, заблагодарувајќи им се на ректорот проф. д-р Аце Миленковски, генералната секретарка проф. д-р Јана Илиева и тимот на Универзитет Скопје за укажаната чест. Своето обраќање го заврши со желба Македонија и македонскиот народ да живеат вечно.

Златни плакети им беа доделени на:

Светската академија за уметност и наука, чиј претставник Донато Кинигер Пасигли, потпретседател на Академијата, го прими признанието;

проф. д-р Орхан Хикмет Азизоглу, основач и претседател на Меѓународниот совет на универзитети;

Јоланда Пердомо, меѓународен експерт за туризам;

проф. д-р Александар Зиданшек, потпретседател за наука и технологија на Светската академија за уметност и наука;

проф. д-р Иво Јосиповиќ, поранешен претседател на Република Хрватска.

Златните плакети ги врачи ректорот проф. д-р Аце Миленковски, во знак на благодарност и почит кон добитниците и нивниот придонес во унапредувањето на меѓународната академска соработка.

Нови дипломци и магистри – нова генерација академски успеси

Во рамките на свеченоста, Универзитет Скопје ја промовираше 18. генерација дипломци и 16. генерација магистри. Со свечена академска заклетва пред ректорот, дипломците и магистрите го одбележаа завршувањето на своето академско образование и почетокот на ново поглавје во нивниот професионален развој.

Најуспешните студенти добија признанија за своите академски достигнувања, како потврда за нивната посветеност, труд и постигнати резултати.

Овој дел од свеченоста имаше посебно значење за родителите, професорите и академската заедница, кои заедно со студентите се дел од образовниот процес и од создавањето генерации подготвени да одговорат на предизвиците на современиот свет.

Две децении посветеност и поглед кон иднината

Дваесетгодишниот јубилеј е можност да се оддаде признание на сите кои придонеле за развојот на Универзитет Скопје- професорите, студентите, алумните, соработниците и меѓународните партнери.

Свечената академија беше заокружена со уметничката изведба „Simply the Best“ во кореографија на Олга Панго, која внесе дополнителна свеченост во одбележувањето на значајниот јубилеј.

Дваесет години Универзитет Скопје се приказна за знаење, академски успеси, меѓународни партнерства и нови генерации кои ја градат иднината. Јубилејот претставува поттик за продолжување на развојот на високото образование, продлабочување на меѓународната соработка и создавање нови можности за студентите и академската заедница.