Реклама

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври

Првите 30.000 вакцини против сезонски грип се пристигнати, а втората тура, односно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првите 30.000 вакцини против сезонски грип се пристигнати, а втората тура, односно 26.000 вакцини, треба да пристигне до 15 ноември. Во моментот ја организираме логистиката со центрите за јавно здравје и мое очекување е дека во овие стандардни термини ќе почне вакцинацијата во земјата, а тоа е од 16 до 25 октомври – изјави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.

Тој посочи дека ќе биде првиот што ќе се вакцинира за да го поттикне пријавувањето.

– Кај нас вакцинацијата ќе почне порано отколку кај некои од соседите, кои се многу поразвиени, зборувам не за првите соседи, туку за некои од соседите што ќе почнат со вакцинација во ноември. Мислам дека целата акција за вакцинација против сезонскиот грип ќе се одвива навремено и соодветно. ​Имаме 56.000 дози и работиме да постигнеме до 80.000 дози. Значи, ни беше важно да стигнат 30.000 вакцини и да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15 ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме ќе потрудиме да ги обезбедиме и остатокот до 80.000 вакцини – рече Клековски. ​

Реклама

Појасни дека кога ќе почне вакцинацијата со првите 30.000 вакцини, предност ќе им биде дадена на ризичните групи според дијагноза во центрите за јавно здравје. ​

– Пријавувањето мора да биде во модулот во „Мој термин“ за да имаме увид за севкупната состојба – додаде Клековски.