Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Свет

Реакции по нападите во Црното Море: Руте најави засилен надзор од НАТО, фон дер Лајен со остра осуда

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата ќе продолжи да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата ќе продолжи да ја следи безбедносната ситуација во Црното Море и да ги приспособува своите одбранбени мерки по потреба, по неодамнешните напади врз трговски бродови во близина на бугарскиот брег.

„Разговарав со бугарскиот премиер Румен Радев за неодамнешните напади врз трговски бродови во Црното Море. НАТО ќе продолжи тесно да соработува со своите сојузници во регионот. Веќе го зајакнавме нашето присуство на источното крило и ќе продолжиме да ја следиме безбедносната ситуација, приспособувајќи ги нашите мерки за одвраќање и одбрана по потреба“, напиша Руте.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги осуди нападите со беспилотни летала и порача дека одговорните мора да се соочат со последиците.

Реклама

„Црното Море стана уште еден фронт на ескалација во руската војна против Украина. Ова е неприфатливо“, истакна фон дер Лајен.

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ја обвини Русија за занемарување на човечките животи, повикувајќи ги партнерите да го зголемат притисокот и да воведат остри санкции за заштита на слободата на пловидбата и глобалната безбедност на храната.