Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Општина Илинден со Инклузивен саем го одбележа Меѓународниот ден на белиот стап

Во пресрет на Меѓународниот ден на белиот стап во Општина Илинден се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на Меѓународниот ден на белиот стап во Општина Илинден се одржа Инклузивен саем под мотото „Допри. Слушни. Почувствувај. Разбери“. Настанот бил организиран во соработка со ООУ „Гоце Делчев“ и Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје, со цел подигнување на јавната свест за лицата со оштетен вид, поттикнување на инклузијата и промовирање на еднаквите можности.

Како што информираат од Општината, во рамки на саемот биле поставени тематски штандови, преку кои посетителите имаа можност да се запознаат со Брајовото писмо, тактилните наставни материјали, асистивната технологија, адаптираните игри и спортски активности, како и со значењето на белиот стап како симбол на самостојноста и мобилноста на лицата со оштетен вид.

Градоначалникот Александар Георгиевски, заедно со директорите на двете училишта, ги посетил изложбените штандови и се запознал со наставните методи, современите помагала и активностите преку кои се поттикнува самостојноста и активното вклучување на лицата со оштетен вид во секојдневниот живот.

Реклама

-Општина Илинден останува посветена на создавање инклузивна средина во која секој поединец ќе има еднакви можности за образование, развој и активно учество во општеството. Преку соработката со образовните институции и поддршката на ваквите иницијативи, Општината продолжува да придонесува кон подигнување на свеста, надминување на предрасудите и градење заедница заснована на солидарност, разбирање и меѓусебно почитување – посочуваат од Општина Илинден.