Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори во Јемен соопшти дека нејзините сили пресретнале уште една балистичка ракета лансирана од Хутите кон саудискиот главен град Ријад, додека градот се соочува со последиците од нападите во кои изминативе денови загинаа најмалку 14 лица.
Во меѓувреме, цивилниот воздушен сообраќај во Саудиска Арабија е сериозно нарушен по повеќедневните ракетни и дронски напади врз аеродромската инфраструктура. Меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад ќе остане затворен најмалку до 17 октомври, додека по нападот врз аеродромот „Крал Фахд“ во Дамам се вршат процени на штетите и безбедносни проверки.
Повеќе странски авиокомпании веќе ги суспендираа или ги намалија летовите кон Саудиска Арабија, а западните влади ги заострија предупредувањата за патување.

