Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Кумановската болница до крајот на годинава ќе го надмине недостигот на анестезиолози

– Кумановската општа болница очекува нови вработувања и специјализации, информираше директорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Кумановската општа болница очекува нови вработувања и специјализации, информираше директорот на установата, Сашо Стошевски. Недостигот од анестезиолози и среден медицински персонал и натаму претставува предизвик за здравствената установа. Налдежните го менаџират  преку соработка со повеќе здравствени установи од Скопје, чии лекари доаѓаат на дежурства во Куманово. Директорот изјави дека во моментов се обучуваат петмина специјализанти по анестезија, од кои двајца се очекува да ја завршат специјализацијата до крајот на годината, а останатите тројца во следните две години.

– Имаме договор со Клиниката за ТОАРИЛУЦ, ГАК, „8 Септември“, „Чаир“ и уште некои клиники, од каде што лекарите анестезиолози доаѓаат на дежурства за потребите на нашите пациенти. Во моментот имаме пет специјализанти по анестезија. Очекуваме двајца да завршат до крајот на годинава, а тројца за две години, така што проблемот со анестезијата што го наследивме очекуваме да биде решен во тој период – изјави Стошевски.

Покрај анестезиолозите, болницата има потреба и од среден медицински персонал. Завршена е постапка за вработување на осум лица, а се очекува и ангажирање нови специјализанти.

Реклама

Стошевски изјави дека останатите одделенија располагаат со доволен број лекари, а приоритет е да се пополнат потребите за медицински и помошно-технички кадар. Здравствената установа очекува и значително обновување на медицинската опрема. Покрај донациите од различни организации, најавена е опрема во вредност, обезбедена од Владата.

Меѓу опремата се ехо-апарати за офталмологија, интерно одделение, педијатрија, гинекологија, неонатологија и неврологија, нов рендген-апарат, централен мониторинг-систем за интерното одделение и друга медицинска опрема.