Ниска инфлација, раст на БДП, но и раст на просечната плата кој ја надминува инфлацијата. Според последните податоци, работникот во Македонија, споредено со колегите во регионот има повисоки примања за над 7 проценти, што реално ја зголемува и куповната моќ на граѓаните. Паралелно со просечната, расте и минималната плата, секоја година согласно законски утврдената формула. Во моментов таа е на ниво од 55% од просекот, што е доста повисоко од земјите во регионот, но и во Европската унија. Ваквите состојби според упатените е дека постојната формула за раст на платите е соодветна и ги штити рабоптниците
„Нашата последна верзија од законот, минимаплната плата ја усогласуваме со порастот на просечната плата и порастот на инфлацијата, што не е и така лошо. Но за разлика од многу други држави, имаме една многу силна сигурност за работниците, тоа е дека не може минималната плата да биде под 57 проценти од просечната, што е најголема заштита во однос на сите други земји членки на ЕУ“, вели Ангел Димитров, од ОРМ.
Сепак и во вакви услови, опозицијата и дел од синдикатите инсистираат на решение за минимална плата од 600 евра и го вперуваат прстот кон власта дека такво нешто не прифаќа. Според упатените, ваквиот пристап и идеите за вештачко зголемување на минималната, а потоа и на останатите плати е доста проблематично оти на на долг рок ќе придонесат за поголема инфлација и проблем со растот на економијата.
„Платите мора да растат согласно растот на продуктивноста, во спротивно, тие ќе растат номинално, но реално куповната моќ на таа плата ќе биде многу пониска. Така да тоа не е само теоретски, тоа се случувало во историјата многу пати каде што се сакало вештачки да се предизвика пораст на платите, во секој случај доаѓало до висока инфлација која ги јадела така да кажам го обезвреднувало тој денар што го добивале работниците во однос на растот на продуктивноста“, дополни Димитров.
Колку пораснале платите, покажуваат анализите според податоците на Државниот завод за статистика. Пратеникот Бојан Стојановски пресмета дека просечната НЕТО плата по работник во изминативе две години растела за околу 75 проценти повеќе од првите две години од владеењето на СДСМ и ДУИ. Според Стојановски во првите две години од владеењето на ДУИ и СДСМ месечно исплатената плата по вработен растела за околу 10,5%, додека пак во првите две години од владеењето на ВМРО ДПМНЕ тоа изнесува над 18 проценти. Пратеникот од владеачкјата партија направил и споредба на месечниот раст на платите, кој во првите две години од претходната власт растеле во просек за 100 денари, а во овие две години просечно расте за 314 денари, или над 3 пати повеќе.
Дека економските политики на Владата се соодветно поставени и даваа ефект, пшотврда дојде и од ММФ и Светска банка кои констатираа дека во услови на глобална криза економијата има потенцијал за солиден раст, а дополнително што охрабрува е и ниската инфлација која засега се држи на ниво пониско од земјите во регионот и од ЕУ. Од Владата неколку пати потврдија дека остануваат посветени на раст на економијата. Гавен двигател се инфраструктурните проекти кои забрзано се реализираат со изградба на шест автопати, но и проектите во делот на железницата и енергетиката.

