Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Промовирана книгата „Епископскиот град Баргала“

„Епископскиот град Баргала“ е најновата книга на универзитетскиот професор на Факулутетот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Епископскиот град Баргала“ е најновата книга на универзитетскиот професор на Факулутетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Трајче Нацев. Тој денеска во Штип го промовираше ова дело, во кое е содржано целокупното негово археолошко истражување, но и на неговите колеги.  

-Опфатени се сите досегашни резултати кои се добиени од археолошките истражувања, тргнувајќи од 1966, па се до 2026 година. Воедно сакам да споменам дека ова книга излегува токму по 60 години од првите археолошки истражувања на локалитетот Баргала. Истражувања кои што ги започна академик, проф. д-р Блага Алексова, потоа ги продолжи мојот колега Звонко Белдедовски и мојата нели маленкост, бидејќи во Завод и Музеј на град Штип работев се до 2011 година-вели Нацев.

Тој на промоцијата на неговото најново дело истакна дека се опфатени сите објекти на локалитетот, кои што се истражени. 

Реклама

-Името, односно епитетот доцноепископски град Баргала, не го добива само врз основа на откриените ранохристијански објекти, туку и врз основа на историските и епиграфските податоци кои што ги имаме во Баргала, каде се споменуваат два епископи од кои едниот учествува во четвртиот Вселенски собор или познат како Халкедонски собор во 451 година, од нашата ера нели нормално, а вториот епископ кој што се споменува, тоа е епископот Хермија, чие име е врежан во капител на главниот влез во епископската базилика-изјави Нацев.

Промоторот на книгата „Епискиот град Баргала“, Бошко Ангеловски од Институтот за старословенска култура во Прилеп истакна дека авторот на книгата ги има презентирано сите истражувања, резулатите, кои ги има добиено додека работел на локалитетот Баргала.

-Професорот Нацев несомнено ја има заокружено неговата  две децениска работа, неговите долгогодишни искуства, професионален ангажман, како археолошки односно теренски, така и кабинетски, и најновите сознанија ги има преточено во една значајна обемна  публикација-рече Ангеловски.