Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Балкан

БиХ избра: една промена во Претседателството на Федерацијата

Познат е составот на тричленото Претседателство на Босна и Херцеговина, по вчера…

Сподели:
epa13280083 A voter feeds a paper ballot into an optical scanner at a polling station during the general election in Sarajevo, Bosnia and Herzegovina, 04 October 2026. Citizens across Bosnia and Herzegovina are voting to elect members of the country's tripartite presidency alongside national, entity, and cantonal representatives. The election also marks the first nationwide use of biometric fingerprint identification and ballot scanners to combat fraud. EPA/HAZIM ALJOVIC BOSNIA AND HERZEGOVINA OUT

Познат е составот на тричленото Претседателство на Босна и Херцеговина, по вчера одржаните избори. Денис Беќировиќ, од „Социјалдемократската партија“, и актуелен бошњачки член на Претседателството, освои нов мандат. Нема промена ниту на српското место во Претседателството. Жељка Цвијановиќ од „Сојузот на независни социјалдемократи“ победи убедливо и останува претставник на српскиот народ. Најголемата промена се случи на хрватското место. Даријана Филиповиќ од „Хрватската демократска заедница“ го победи кандидатот на „Демократскиот фронт“, Славен Ковачевиќ. Според изборните резултати, Република Српска останува цврсто во рацете на партијата, предводена од Милорад Додик. Саво Миниќ од „Сојузот на независни социјалдемократи“ победи на изборите за претседател на Република Српска. Ова беа и првите избори во Босна и Херцеговина на кои беа користени нови технологии за идентификација на гласачите и обработка на гласачките ливчиња, што овозможи прелиминарните резултати да бидат објавени брзо.