Реклама

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

Балкан

Александар Чупиќ избран за претседател на српското собрание

Пратеникот Александар Чупиќ, кандидатот на Студентската листа, со 140 гласа „за“ е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот Александар Чупиќ, кандидатот на Студентската листа, со 140 гласа „за“ е избран за нов претседател на Народното собрание на Србија, по тридневната расправа на конститутивната седница, во која се судрија новото парламентарно мнозинство и досегашната владејачка структура, предводена од Српската напредна партија и Александар Вучиќ.

Изборот на Чупиќ го означува и формалното преземање на раководството на парламентот од страна на политичката структура што произлезе од студентското движење и двегодишните протести во Србија.

Седницата почна во вторникот, 17 ноември, кога беа потврдени мандатите на сите 250 пратеници, а продолжи со расправа за изборот на претседател на парламентот. За функцијата беа предложени двајца кандидати: Александар Чупиќ од Студентската листа и Стојан Раденовиќ, кандидат на листата „Александар Вучиќ – Србија победува“.

Реклама

Расправата ја одбележаа остри политички препукувања, обвинувања и процедурални забелешки, како и долгите обраќања и говори на Вучиќ, кој како пратеник и шеф на пратеничката група на својата листа го искористи парламентарниот говор за да зборува за низа политички теми. Неговите настапи во голема мера беа игнорирани од пратениците на Студентската листа, кои претежно не влегуваа во полемика со него и не му го споменуваа името. Политичката конфронтација продолжи и околу распределбата на раководните функции во парламентот. Студентската листа не им даде потпретседателски места на претставниците на опозициската СНС.