Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, учествуваа на состанокот на Коалицијата на волните во Берлин, посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир.
Како што објави Мицкоски на Фејсбук, на состанокот организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц била истакната важноста на засилените напори за завршување на војната, како и потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД.
Мицкоски посочува дека била потврдена поддршката на Македонија за постигнување праведен и траен мир во Украина преку дијалог, дипломатија и координација со сојузниците.
Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:

