Реклама

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

Македонија

Почна вакцинацијата на овци и кози против сипаници

Во Источниот Плански Регион почна итната вакцинација на овците и козите против…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Источниот Плански Регион почна итната вакцинација на овците и козите против сипаници, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. Во осумте региони ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни.

Првата фаза од кампањата ќе опфати 1.859 стада со 193.527 животни во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот Регион. Во втората фаза ќе бидат опфатени 1.558 стада со 244.515 животни во Југозападниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Скопскиот Регион.

Третата фаза предвидува дополнителна вакцинација на јагниња и јариња што ќе ја достигнат минималната возраст по првите две фази, како и на животни чија вакцинација била одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка. Ќе бидат опфатени и бремени животни и животни во првите шест недели по породувањето, фарми што биле недостапни за време на почетната кампања и фарми каде што вакцинацијата била одложена поради сомнение за инфекција, со одобрение од надлежниот официјален ветеринар.

Реклама

Кампањата ќе опфати клинички здрави овци и кози и јагниња и јариња што ја достигнале минималната возраст за вакцинација. Болните животни, бремените животни и другите категории ќе се третираат според упатството за употреба на вакцината.