Реклама

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

Економија

Од 50.000 на 25.000: Германија со предлог за ограничување на приемот на работници од Западен Балкан

Германскиот пазар на труд, кој со години важи за најголема дестинација за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Германскиот пазар на труд, кој со години важи за најголема дестинација за работна миграција од регионот, се подготвува за сериозно затегнување на правилата. Владата во Берлин веќе го направи првиот конкретен чекор за преполовување на годишната квота за работници од Западен Балкан – одлука која директно ги засега македонските граѓани, но истовремено предизвика остар судир меѓу федералната власт, германските сојузни покраини, институциите за вработување и стопанството.

Германскиот кабинет го усвои предлогот за измена на регулативата за вработување, со кој бројот на првични одобренија за работа во рамки на таканареченото Правило за Западен Балкан се намалува од сегашните 50.000 на 25.000 годишно. Доколку мерката ја помине и последната институционална пречка, новите ограничувања ќе стапат на сила на 1 јануари 2027 година, а намалената квота од 25.000 дозволи ќе важи збирно за сите шест држави опфатени со програмата – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.