Законот за сезонско вработување не ги даде во целост очекуваните резултати, информираше заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Според него, резултатите не се за очајување, бидејќи законот е долгорочно решение кое е целосно усогласено со европската регулатива. На информативните сесии организирани од Германско-македонската стопанска комора и ГИЗ, тој ги повтори поволностите за компаниите, но и за пензионерите, студентите и невработените од работното ангажирање во сезона.