Реклама

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

Економија

Ѓорѓиевски: Целосно се реконструира крак „38“ на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во почетокот на градежните активности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во почетокот на градежните активности за целосна реконструкција на крак „38“ на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари, соопштија попладнево од Град Скопје.

– Кога ја барав поддршка од граѓаните, тука ме пречекаа како што умеат вистински домаќини – со кафе, чај и со отворена врата. Ми кажаа дека ретко кој дотогаш дошол во ова маало да ги праша што им е најпотребно. А доволно беше да излеземе пред портите за да видиме зошто оваа улица беше првото и најважно барање. Со децении чекале некој да ја реконструира. Тој ден дадов збор. Денес, механизацијата е на терен и работата започна. Целосно го реконструираме крак „38“. По целата должина на улицата ќе поставиме нов асфалт, за семејствата од ова маало конечно да добијат уредена улица каква што одамна заслужуваат – наведува Ѓорѓиевски во соопштението.

Тој истакнал дека негова обврска како градоначалник е да обезбедува услови достојни за секој жител на Скопје, со темелна работа во секоја општина, за рамномерно да се развива целиот град.