Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Балкан

Србија доби ново парламентарно мнозинство

Во новиот состав на Собранието, Студентската листа ќе има 140 од вкупно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во новиот состав на Собранието, Студентската листа ќе има 140 од вкупно 250 пратенички места, со што обезбеди апсолутно мнозинство. Коалицијата околу Српската напредна странка, која беше на власт во изминатите 14 години, освои 103 мандати и преминува во опозиција. Останатите места им припаднаа на пет листи на малцинските партии. На конститутивната седница беа потврдени сите 250 пратенички мандати, по што новите пратеници положија заклетва. Претседавачот Стојан Раденовиќ, читајќи ја одлуката за потврдување на мандатите, предизвика аплауз во собраниската сала и соопшти дека Собранието е конституирано. Претходно, тричлена комисија ги верификувала мандатите на сите 250 пратеници, соопшти Вјерица Радета, членка на комисијата од коалициската листа околу СНС. Пратениците потоа ја положија заклетвата, со која се обврзаа должноста да ја извршуваат посветено, чесно и совесно, да ги почитуваат Уставот, човековите и малцинските права и граѓанските слободи, како и да им служат на граѓаните на Србија, вистината и правдата. По завршувањето на оваа процедура беше одредена нова пауза до 14 часот. По неа се очекува избор на собраниските органи – претседател, потпретседатели и формирање пратенички клубови. Со потврдувањето на мандатите почна да тече и рокот за формирање нова влада на Србија. Крајниот рок за нејзино составување е 90 дена.