Не се реновираат само домовите, туку се прошируваат и субвенциите за студентскиот оброк.
Па така, студентите ќе добиваат и 20% попуст за топол оброк, кој нема да биде ограничен само на студентските ваучери. Студентите ќе можат да го користат попустот дури и кога ќе сакаат да купат нешто со сопствени пари. Од први октомври следната година се очекува да почне примената на новиот модел на субвенции за оброк. Според најавите, студентите ќе можат во одредени маркети, пекари и кај други снабдувачи да купуваат сè што им е потребно по поволни цени. Надлежните велат дека на студентите начелно им се допаѓа мерката, но конечниот одговор сè уште го чекаат.

