Бугарија ги пречека посмртните останки на цар Самуил, кои ѝ ги предаде Грција. Денеска тие пристигнаа во Софија и беа изложени во центарот на бугарскиот главен град пред голем број насобрани граѓани, пред ковчегот да биде положен во базиликата „Света Софија“.
Посмртните останки на цар Самуил во Софија пристигнаа авионски, откако Румен Радев ги презеде на церемонија во Солун, во присуство и на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Како дел од договорот, Бугарија на Грција ѝ предава 48 предмети, меѓу кои главно црковни артефакти од неколку манастири во Егејска Македонија. Предметите биле преземени од бугарски научници во 1917 година, за време на Првата светска војна.

