Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Хоџа: Регулацијата на коритото на Сува Река се одвива забрзано, решаваме долгогодишен проблем на сарај

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска изврши увид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска изврши увид во работите за регулација на коритото на Сува Река во Општина Сарај. Проектот опфаќа регулација на околу 12 километри од речниот тек, од патот за Бојане, преку Глумово, до вливот во реката Треска.

За помалку од три месеци од почетокот на работите, реализирани се 20% од проектот, за кој Министерството обезбеди над 379 милиони денари. Со реализацијата на проектот  ќе се намали ризикот од поплави, да се заштитат домовите, имотите и обработливото земјиште и да се придонесе за почиста и побезбедна животна средина за жителите на овој регион.

-Овој проект е важен затоа што одговара на долгогодишните потреби на граѓаните. Фактот дека за помалку од три месеци се реализирани 20% од проектот покажува дека работите напредуваат. Денеска сме на терен за да ја следиме реализацијата и да се увериме дека активностите продолжуваат согласно планираното. Нашата обврска не завршува со обезбедувањето средства и започнувањето на работите. Таа подразбира одговорно следење на секоја фаза, сè до завршувањето на проектот, истакна Хоџа.

Реклама

Тој нагласи дека соработката меѓу централната и локалната власт е важна за навремено спроведување на инфраструктурните проекти што директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните.

Регулацијата на Сува Река е дел од пошироките инвестиции во животната средина и комуналната инфраструктура, кои претставуваат темели на зелениот пресврт и создаваат услови за позаштитени населени места и одржлив развој на општините.