Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Повисоки плати, позадоволни професори, за поквалитетно образование. Надлежните се фокусирани не само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повисоки плати, позадоволни професори, за поквалитетно образование. Надлежните се фокусирани не само за инвестиции во образовната инфраструктура, туку и во наставниот кадар како еден од клучните сегменти за развој на образовануието и креирањето на квалитетн и квалификуван кадар. Покрај веќе договореното четиригодишно покачување на платите, фокусот е и на кариерниот развој на наставниците, олеснување на условите за работа и намалување на административните обврски.

„Соработувавме така како што треба, очекувања ги исполнувавме заедно, едно а однајголемите придобивки е 4 годишен план за покачување на плати. Следна година во март ќе има ново покачување на плата на наставнички кадар но и други подогности како кариерно напредување, олеснување услови за работа, намалување на администрација, правиме и тешка реформа во која ниеден наставник не изгуби работа оптимизација, соработката покажува резултати. “– вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Реформите во образованието се резултати и на добрарта соработка и дијалог помеѓу владата и синдикатот. Од СОНК се задоволни од досега постигнатото, но нагласуваат дека активностите за подобрување на статусот на вработените продолжуваат.

Реклама

„Во делот за детска заштита има многу да се сработи, закон за заштита на деца, колективен договор, во делот на културата систем за плаќање на плати, образование добро котира но нема да го запоставиме. Студентски домови да се стават во рамка и да се зема плати по општо прифатлив документ.“– вели Јаким Неделков, поранешниот претседател на СОНК.

Инаку по 12 години на чело на синдикатот, Јаким Неделков заминува од претседателската функција, а на негово место е избран Стојко Рамов. Тој најавува продолжување на борбата за работничките права и подобри услови за работа во образованието, науката и културата.

„Приоритет ни е колективен договор за образование, за детска заштита , нов колективен договор за култура. Во идниов период не следува доста работа и се надевам ќе успееме да го подигнеме статусот на просветните и културните работници.“ – вели Стојко Рамов, новиот претседател на СОНК.

За полесна и поефикасна настава, надлежните веќе спроведуваат и обуки за наставниот кадар за алатките кои ги нуди вештачката интелегенција. Набавени се смарт табли, се доделуваат таблети за основците, а наставниците веќе добија и покачување на нивните месечни примања за 20%.