Нови училишта, градинки, спортски сали. Повеќе од 1.200 проекти, десетици милиони евра вложувања. Се работи на модернизација на инфраструктурата во образованието, со цел учениците да добијат подобри услови за учење. Еден од проектите е и новиот објектет на основното училиште Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто. Има два спрата со 30 училници и вкупна површина од 3.128 квадратни метри. Вредноста на инвестицијата е 170 милиони денари.
„Значаен е уште повеќе затоа што до пред некој година овде постоеа само бараки коишто се оставени тука од времето на земјотресот практично, 50 и повеќе години, децата учеа во би рекол субстандардни услови, за разлика од тоа што денес може да го видите, навистина едни европски услови. Е сега останува само тоа да се одржува и да се чува. Ние продолжуваме и понатаму да градиме, она коешто го прави оваа Влада се повеќе од 1.200 проекти коишто ги работиме заедно со општините како резултат на децентрализација на средствата од централниот буџет кон општините“, рече Мицкоски.
За општината е многу важно што со поддршка од Владата проектите се разлизираат. Градоначалникот најавува и нови.
„Обијект кои што се состои од 30 кабинети со капацитет од 713 ученици. Вкупната инвестицја на овој проект е 170 милиони денари. Она што сакам да го напоменам е дека образованието останува во нашиот фокус на дејствување. Освен отворањето на ова училиште, интензивно работиме и на изградба на нова училишна спортска сала во Железара и проширување на капацитетите на новите училишта „Његош“ во Јурумлери и „Крум Тошев“ во Трубарево и за неколку денови од денес ќе ја пуштиме во употреба и новата спортска сала во Црешево.“, изјави Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба.
Инаку образованието останува еден од главните приоритети на Владата.Освен изградбата на нови училишта, се реновираат студентски домови,а студентите добиваат надомест за топол оброк околу 3600 денари месечно.

