Реклама

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Економија

Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска учествуваше на регионалната конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска учествуваше на регионалната конференција „SHE RISES REGIONAL 2026“ во Приштина, Република Косово, каде што на панелот посветен на унапредување на женското претприемништво преку регионална економска соработка и европска интеграција ги претстави мерките на Владата за поддршка на жените претприемачи, зголемување на конкурентноста и отворање нови можности за регионално економско поврзување.

Министерот Дурмиши, како што соопшти Министерството за економија и труд, истакнал дека економското зајакнување на жените претставува важен предуслов за одржлив економски раст, поголема продуктивност и подобро искористување на економскиот потенцијал на регионот.

-Женското претприемништво не е само прашање на еднакви можности, туку важен двигател на економскиот раст, инвестициите и конкурентноста. Нашата задача е да создадеме услови жените не само да основаат бизниси, туку да развиваат успешни компании, да инвестираат, да извезуваат и да отвораат нови работни места – нагласил Дурмиши.

Реклама

Министерот информирал дека во 2026 година, преку Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста, се обезбедени 11,34 милиони денари за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, со кофинансирање до 40 проценти од трошоците за набавка на нови машини и алати, односно до 200.000 денари по корисник.

Дополнително, како што е наведува во оопштението, обезбедени се 2 милиони денари за воведување меѓународни стандарди во преработувачката индустрија, со поддршка до 70 проценти од трошоците, како и 5 милиони денари за заеднички проекти меѓу компаниите и универзитетите, со цел поттикнување на иновациите и технолошкиот развој.

Дурмиши посочил дека преку Оперативниот план за вработување за 2026 година, за кој се предвидени 2,39 милијарди денари, се поддржуваат самовработувањето, претприемништвото и стекнувањето нови вештини со приоритет на жените.

Посебен акцент на конференцијата бил ставен на можностите за вклучување на компаниите во сопственост и управувани од жени во синџирите на снабдување на големите меѓународни компании и странските инвеститори.

Министерот нагласил дека Македонија располага со значајна индустриска база и присуство на меѓународни инвеститори, но дека следниот чекор мора да биде посилно поврзување на домашните претпријатија со глобалните производствени и извозни синџири.

Во таа насока, тој ги посочил мерките за технолошка модернизација, сертификација и развој на домашните добавувачи, како и Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025–2030, која предвидува подобар пристап до финансии, дигитална и зелена транзиција и унапредување на женското претприемништво.

Како конкретен предлог за продлабочување на регионалната економска соработка, Дурмиши најавил подготвеност да иницира разговори со колегите од регионот за воспоставување заедничка иницијатива за економско поврзување на жените претприемачи.

Тој предложил во текот на 2027 година да се разгледа можноста за пилот-програма што би опфатила регионална мрежа на компании управувани од жени, поддршка за нивната конкурентност преку дигитализација, сертификација и менторство, како и директни деловни средби со големи производствени компании и странски инвеститори.

Според министерот, ваквата иницијатива би можела да се надоврзе на Заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан и Планот за раст на Европската Унија, со што жените претприемачи би добиле поголеми можности за пристап до инвестиции и европските пазари.

-Време е регионалната соработка да ја претвориме од размена на идеи во конкретни економски резултати. Женското претприемништво не треба да биде само посебна тема на економските конференции, туку составен дел од индустриските, инвестициските и развојните политики на секоја наша држава – порачал Дурмиши.

На регионалната конференција учествувале претставници на институциите од Косово, Албанија и Црна Гора, како и претставници на деловната заедница, со заеднички фокус на економското зајакнување на жените и регионалната интеграција.