Македонија
Јавна расправа по предлог-законот за оружјето
Во Собранието ќе заседава Комисијата за одбрана и безбедност, на која ќе се одржи јавна расправа по предлог-законот за оружјето. Со предлог-законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница на оружје, негови делови, главни делови и муниција. […]



