Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Мицкоски: Можно е решение со Софија, но нема да влезам во процес без јасен крај, Владата ќе продолжи со реформите

Можно е да се постигне договор со Софија доколку постои партнерски однос…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можно е да се постигне договор со Софија доколку постои партнерски однос и подготвеност за дијалог, но Македонија нема да влезе во процес во кој постојано ќе се поставуваат нови барања без јасна перспектива за негово завршување, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ 21, осврнувајќи се на евроинтегративниот процес, односите со Бугарија, реформите и можностите за напредок кон членство во Европската Унија.

Мицкоски рече дека, иако по последната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Софија немало позитивни сигнали за напредок во односите, можноста за договор постои, под услов двете страни да пристапат кон проблемот како партнери.

– Вие ме прашувате дали има можности, јас ви велам дека има. Доколку имаме партнерски однос, можно е. Доколку немаме партнерски однос, односно доколку продолжат со булингот, со позицијата „ние сме внатре, вие сте надвор“, тогаш нема договор – рече Мицкоски.

Реклама

Според него, неопходно е да се направи разлика меѓу соседство со држава која треба да стане дел од Европската Унија и однос во кој од соседот се бара постојано да решава историски прашања.

– Ако навистина сакаат да видат сосед кој ќе биде дел од Европската Унија, а не сосед од кој ќе бараат решавање прашања од 11 век, 10 век, Средниот век, за жал, немаме живи луѓе за да посведочат што се случило тогаш, а врз основа на историските факти што ги читаме, ние и тие имаме различни толкувања. Така што, сè додека постојат овие билатерални бариери, тешко дека ќе најдеме решение – оцени премиерот.

Тој нагласи дека Владата сака да најде решение и прави сè што е во нејзина моќ за да го почне преговарачкиот процес со ЕУ, но нема да прифаќа отстапки без извесност дека процесот ќе има крај.

– Ние сакаме да го почнеме конечно тој процес, но не по секоја цена и нема без глава да одиме во овој процес. Едноставно, ќе си ја градиме нашата позиција, бидејќи позицијата што ја имавме како држава пред три години и оваа што ја имаме денес се сосема различни работи – рече Мицкоски.

Осврнувајќи се на средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, премиерот рече дека советот што го добил од неа бил Македонија и Бугарија да почнат да се среќаваат и да разговараат за отворените прашања. Тој посочи дека ја прифатил препораката и дека на таа основа побарал од Муцунски да иницира средба со бугарската колешка.

Како можност за таква средба бил посочен регионалниот самит поврзан со Коридорот 8, а Муцунски, по барање на премиерот, испратил дипломатска нота до бугарската страна.

Мицкоски рече дека прифатената иницијатива ги надминала неговите очекувања, бидејќи првично сметал дека средбата ќе биде само формална.

– Јас го замолив нашиот министер тоа да го направи и тој го направи тоа преку дипломатска нота. Тие го прифатија. Тоа ги надмина моите очекувања. Очекував дека средбата ќе биде формална, но тоа беше средба на маса, каде што две држави разговараат за проблем и водат дијалог – изјави Мицкоски.

Тој посочи дека на прес-конференцијата по средбата била присутна и еврокомесарката за проширување Марта Кос, која можела непосредно да добие впечаток за разговорите меѓу двете страни.

– Добро е што почнавме, бидејќи досега немавме почеток на таков тип дијалог. Јас очекувам овој дијалог да продолжи – рече премиерот.

Мицкоски нагласи дека Владата не разговара само за моменталната позиција на земјата во процесот на пристапување кон ЕУ, туку и за тоа како да се стигне до крајната цел – членство во Унијата.

Тој оцени дека Македонија има пријатели во меѓународната заедница кои ја поддржуваат нејзината позиција, но предупреди дека процесот ќе биде долг и сложен.

Во интервјуто, Мицкоски повторно ја критикуваше претходната влада на СДСМ и ДУИ, оценувајќи дека направила сериозна грешка со прифаќањето на условите поврзани со продолжувањето на евроинтеграциите, без да обезбеди извесност дека тие ќе бидат доволни за напредок.

Според него, претходната влада прифатила нешто што очигледно не можела да го испорача, а со своите настапи и ветувања во Брисел придонела дел од европските политичари да поверуваат дека процесот може да се придвижи на тој начин.

– Прифатено е нешто што очигледно таа влада не можеше да го испорача. Само по себе направи катастрофална грешка. За жал, со нивните настапи и лажни ветувања во Брисел, имаше такви од Брисел политичари кои што поверуваа. Потоа правеа егзибитиции на домашната сцена, менуваа кривични закони, овозможуваа политичка амнестија, мислеа дека на тој начин ќе се направи некаков притисок врз Владата во Скопје и дека Владата во Скопје ќе прифати да влезе во уште една авантура без крај. Тоа Владата во Скопје не го прифати и се додека сум јас таму нема да го прифати без да имам јасен крај на овој процес – рече Мицкоски.

Тој додаде дека ја разбира позицијата на европските претставници, кои упатуваат дека одлуките на ЕУ се веќе донесени и дека треба да се исполнат преземените обврски, но нагласи дека токму затоа е потребен дијалог со Софија.

Во однос на историските прашања и нивната поврзаност со процесот на пристапување, Мицкоски посочи дека Македонија треба да бара решение што ќе ги заштити нејзините интереси и ќе овозможи вистинско напредување кон членство, наместо постојано да се соочува со нови барања.

Мицкоски рече дека како премиер е одговорен пред сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, и дека неговата политика е насочена кон заштита на интересите на сите.

Тој посочи дека мнозинството граѓани го поддржуваат членството во ЕУ, но дека истовремено постои и мнозинство кое не сака евроинтеграциите да се одвиваат по секоја цена и со дополнителни отстапки без извесен крај.

– Јас никогаш нема да влезам во овој процес без да ги штитам безусловно интересите на моите граѓани. Јас сум премиер на сите граѓани. Тука не прифаќам поделба по етничка и по религиска, по партиска или непартиска припадност – рече Мицкоски.

Тој додаде дека ја застапува политиката што ја смета за внимателна и одговорна, за разлика од пристапот на опозицијата, кој, според него, подразбира влегување во процеси без да се добијат соодветни гаранции.

Мицкоски рече дека конечната оценка за неговата политика ќе ја дадат граѓаните на изборите.

– Дали сум бил во право, ќе видам на следните избори. Ако бидам поразен, на тие што ќе победат ќе им честитам и ќе се повлечам од политиката. Тоа е легитимно. Секоја политика е легитимна, цената се плаќа на избори – изјави премиерот.

На прашањето дали Владата има поинаков план доколку Софија не ја промени позицијата и спорот продолжи да се одолговлекува со години, Мицкоски одговори дека Владата веќе работи на реформите и на исполнувањето на обврските што се во нејзина надлежност.

Тој посочи дека Македонија ја спроведува реформската агенда и дека во извештајните периоди декември 2025 и јуни 2026 година остварила значителен напредок, со најголем број спроведени реформи и најголем обем искористени средства од Планот за раст, според неговите наводи.

Премиерот рече дека реформските активности се потврдени и во разговорите со европските претставници, а како пример ја посочи посетата на Фон дер Лајен на Скопје.

– Претседателката Фон дер Лајен на прес-конференцијата, нешто што никој не го кажува, само тука во Скопје, во Македонија го кажа: „You are doing impressive job“, односно дека вршите импресивна работа – рече Мицкоски.

Според него, постепеното приклучување кон Европската Унија е една од можностите што треба да се разгледуваат, бидејќи постојат механизми за напредок што не зависат непосредно од билатералниот спор со Бугарија.

Мицкоски рече дека Македонија исполнува два од трите услови што ги наведе за таквиот пристап – усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика и скринингот, а како трет услов го посочи законодавството за јавни набавки, наведувајќи дека соодветниот закон бил усвоен во Собранието пред десетина дена.

Тој, сепак, не потврди дека постепеното приклучување ќе овозможи напредок без да се реши спорот со Бугарија, туку нагласи дека постојат механизми што можат да се искористат независно од непредвидливоста на билатералното прашање.

Како дополнителен предизвик во евроинтегративниот процес, Мицкоски го посочи Акцискиот план за малцинствата, кој е дел од патоказот за владеење на правото.

Тој рече дека по совет од Брисел, документот бил подготвен со ангажирање експерт и по повеќе јавни дебати, а според неговите информации, 26 земји членки на ЕУ немале забелешки, додека една земја имала забелешки, алудирајќи на Бугарија.

Премиерот предупреди дека ова прашање покажува оти исполнувањето на едно барање не значи дека нема да се појават нови услови во следните фази од преговорите.

– Акцискиот план за малцинствата е предуслов за да го отвориме следниот кластер. Утре да го смениме Уставот, утре да одлучиме да прифатиме сè што сака Бугарија, повторно ќе имаме уште еден документ за кој ќе треба да се договараме и разговараме со нашиот сосед – рече Мицкоски.

Тој посочи дека постои загриженост и поради можноста за нови блокади при отворањето и затворањето на преговарачките поглавја, дури и за прашања што не се директно поврзани со реформите и европските стандарди.

Според него, блокада би можела да биде образложена со друга причина, додека суштинскиот проблем би бил билатерален спор или несогласување за историски прашања.

-Затоа сакаме да видиме пат кој ќе биде јасен и кој ќе го штити интересот на граѓаните. Ете, тоа е она што го прави оваа Влада – истакна премиерот.

На прашањето дали до крајот на мандатот Македонија би можела да направи исчекор во преговорите со ЕУ и да отвори кластер, Мицкоски рече дека не може да даде категоричен одговор, бидејќи тоа не зависи само од Владата.

Мицкоски потсети дека Македонија во минатото направила големи отстапки, меѓу кои ги наведе промената на знамето и промената на уставното име, но оцени дека и по тие чекори земјата сè уште не го започнала суштинскиот преговарачки процес.

Тој рече дека Македонија има усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ, дека работи на реформите и проектите и дека нејзините граѓани заслужуваат да напредуваат според принципот на заслуги, односно според исполнувањето на критериумите.