Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Мицкоски: Целта на случајот со Ива Михајлова е политичка – да и се нанесе штета на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е синхронизирано со опозицијата

Премиерот Христијан Мицкоски верува дека зад случајот со Ива Михајлова се крие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски верува дека зад случајот со Ива Михајлова се крие политичка позадина за да и се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа е синхронизирано со опозицијата во земјава. 

– Она што мене повеќе ме загрижува е состојбата што на ниво на хистерија ја направија одредени медиуми и политичари кај нашиот источен сосед. Не се проблемот односите меѓу двете држави, туку да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ и на мене затоа што на овој начин покажувајќи некаков тип на политички мускули во координирана акција и јавна дебата со македонската опозиција, и тоа е очигледно. И македонската опозиција ќе прави политички притисок врз актуелната Влада и на тој начин тие ценат дека политичката репутација на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја намалат во очите на граѓаните – рече вечерва Мицкоски на една од телевизиите.

Тој рече дека Михајлова не поминала на легален граничен премин во Бугарија.

Реклама

– Границата е помината нелегално. Штом јас ви го говорам ова, ви го кажувам со голема доза на прецизност. МВР тоа го истражува и ќе дојдеме до одговорите, но нема никаква вистина со она што го зборуваше адвокатот којшто сам по себе има одредено проблематично минато – истакна Мицкоски.

Не гледа пропуст кај институциите во државата и повтори дека правдата ќе ги стигне и Ива Михајлова и нејзиниот татко правосилно осуден во случајот „Детонатор“.

– Не мислам дека ова што го направиле за нив е спас и кога тогаш тие ќе одговараат. Ако мислам дека на овој начин ќе ја заобиколат правдата се лажат, а тоа што го направија властите кај нашиот источен сосед не можам да кажам дека е умен потег и мислам дека нивната репутација е сериозно нарушена на меѓународната сцена, но тоа е нивна работа –  рече Мицкоски.