Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Николоски: Македонија е лидер во спроведување на реформите од Планот за раст на ЕУ

Македонија е апсолутен лидер во спроведувањето на реформите во рамки на Планот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е апсолутен лидер во спроведувањето на реформите во рамки на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, а резултатите од реформските процеси веќе се преточуваат во конкретна финансиска поддршка за државата. Во ноември се очекува нова транша од 75 милиони евра да пристигне на сметката на македонскиот буџет, со што вкупните средства исплатени врз основа на спроведените реформи ќе надминат 225 милиони евра, истакна во вечерашното гостување на една од националните телевизии, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

 -Ако споредите со останатите земји во регионот, бенифициите се гледаат, вчера имамвме средба со евроамбасадорот Рокас, и веќе во месец ноември 75 милиони евра треба да легнат на сметка на македонскиот буџет. Преку 150 милиони евра веќе се легнат во буџетот, коишто се резултат на реформите коишто ги спроведуваме како дел од Планот за раст, а исто така користите и доста грант компоненти, еве на пример во мојот сектор го почнавме Кичево-Букојчани пред некој ден, 20 милиони евра имаме грант, го почнавме Скопје-Блаце пред месец дена, имаме 40 милиони евра грант, за третата фаза на железницата со Бугарија имаме 149 милиони евра грант – посочи Николоски.

Николоски се осврна и на можноста за дополнително зголемување на финансиската поддршка за земјите од регионот што спроведуваат реформи. Според неговите очекувања, сè поизразено е разграничувањето меѓу државите што напредуваат во реформските процеси и оние кај кои тој напредок изостанува.

Реклама

-Она на што јас се надевам, е дека веќе се направија две групи на земји во регионот. Едната е онаа коишто спроведуваат реформи, а тоа се: Македонија, Црна Гора и Албанија, и втората е оние коишто не спроведуваат реформи, а тоа се: Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Идејата е средствата коишто беа предвидени за овие три држави, да дојдат на страна на Македонија, Црна Гора и Албанија, каде што ние би оделе над овие 750 милиони евра, коишто сега се предвидени – рече заменик претседателот на Владата.