Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека градежните работи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека градежните работи на проектот за брзата пруга би можеле да започнат во пролетта следната година, откако навреме биле завршени сите потребни студии во рамки на подготовката на проектот.

Во гостување на една од националните телевизии, Николоски рече дека шесте студии предвидени за проектот биле доставени до 31 август, согласно утврдениот рок, што, според него, овозможува влез во финалната фаза на подготовките.

-После подолго време, првпат во Македонија се испочитува рок. Имено, сите шест студии требаше да бидат готови до 31 август и ние на истиот датум ги добивме. Што значи дека сега влегуваме во финалната фаза и, ако е сè добро, рокот ќе го запазиме, а тоа е да ги имаме веќе и градежните работи од пролет – рече Николоски.

Реклама

Осврнувајќи се на договорот за стратешко партнерство со Велика Британија и можните ефекти од политичките промени во Обединетото Кралство врз реализацијата на проектот, Николоски оцени дека партнерството има долгорочен карактер и не зависи од смена на влади.

-Во однос на политичкиот контекст, се работи за пресериозна држава, втора најголема сила во НАТО, држава членка на Советот за безбедност на ООН, и таму овие одлуки не се променуваат со промената на влада – посочи Николоски.

Како потврда за континуитетот на стратешкото партнерство, тој најави дека во втората половина на ноември и на почетокот на декември повторно ќе се одржат средби на високо ниво во Лондон.