Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Николоски: Првите електрични еколошки автобуси ќе пристигнат јануари следната година

Првите електрични еколошки автобуси ќе пристигнат јануари следната година. Набавката е успешна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првите електрични еколошки автобуси ќе пристигнат јануари следната година. Набавката е успешна и очекуваме со автобусите да влијаеме врз намалување на аерозагадувањето во Скопје и другите општини. Имаше обиди за манипулација за оваа јавна набавка, но споредбите се различни и несоодејствуваат со истиот тип автобуси, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. 

Николоски, во гостување на една од националните телевизии, појасни дека набавката е за 150 автобуси и освен Скопје, автобуси ќе добијат и другите општини кои што имаат организиран јавен градски превоз.

-Сега, да не ми замерат, ама ќе набројам неколку: Куманово ќе добие, Штип ќе добие, Струмица ќе добие, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Гостивар, Тетово. Ќе биде објавена листата. Градот Скопје побара 250 автобуси, општините побараа 89, така што ако видите пропорционално, општините надвор од Скопје се и во подобра позиција од градот Скопје, но толку беа можностите на буџетот во моментов. Согласно динамиката, првите автобуси треба да бидат испорачани за 6 месеци од потпишување на договорот, договорот се потпиша во почеток на септември месец, но имаме ветување од добитникот на јавната набавка дека веќе во јануари ќе ги видиме првите автобуси во Скопје – истакна Николоски. 

Реклама

На прашањето за забелешките за набавката од страна на граѓански организции, вицепремиерот Николоски одговори дека споредбите се обид за манипулација. 

-Не мислам дека се тенденциозни, но еве, би рекол дека има многу погрешни работи во извештајот, да речам дека се од незнаење и од невнимавање. Прво, се прави споредба на електрични автобуси со автобуси на компресиран гас, целосно различен систем на работа се. Јас, како што сум систематичен, решив, еве и јас да направам мое истражување: седечки места на тие автобуси кои што се споменати имаат за три помалку од автобусите кои што ги купуваме. Тие имаат 29, овие имаат 32. Јасно беше дека има тенденција во тоа што е напишано. На крајот на денот се работи за стандардни 12-метарски автобуси и овие на компресиран гас и овие електричните. Или не направија спроредба со Загреб. Загреб за слична сума како во Македонија купи  само 62 електрични автобуси – рече Николоски.