Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Мицкоски: СЈО беше неуставен имплант, не може со неправда да донесат правда

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисија на една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисија на една од телевизиите, вели дека формирањето на Специјалното јавно обвинителство претставувало сериозен удар врз правдата, посочувајќи дека уште од самиот почеток било поставено на неуставни основи. Наместо да испорача правда, како што рече тој, правеле естрада.

– Чувството кај граѓаните потекнува од, условно кажано, работи кои се случија во минатото и коишто мислам дека зададоа силен удар врз правдата во Македонија. Првиот е оној период 94–98 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше вонпарламентарна опозиција и кога судиите се избираа во Собранието. Кога практично тогашната власт, којашто беше со акламативна моќ, избра стотици судии од коишто дел се сè уште активни судии. И тоа беше политички обоена структура – изјави Мицкоски.

Вториот удар на правдата, истакна Мицкоски, е кога се донесе Специјалното јавно обвинителство.

Реклама

– Тотално неуставен имплант кога од тие коишто требаше да ја донесат правдата, ништо повеќе од естрада не видовме. Тогаш се правеа беџови, маици се штампаа, капи се носеа, дуксери СЈО. Не можете со неправда да донесете правда. Од самиот старт тој имплант е неправеден, неуставен. Не може да делувате на тој начин. И за тој имплант се виновни сите партии, бидејќи консензуално беше донесено. Сега не сакам да го оградам ВМРО-ДПМНЕ. Јас не го исклучувам ВМРО-ДПМНЕ. Но, тој имплант создаде таква перцепција, уште посилна кога се случи третиот проблем. А тоа е кога заврши во еден куфер пари. Сè се тоа процеси кои во граѓаните создадоа чувство на недоверба во правдата – изјави Мицкоски.