Реклама
Македонија

Завршна манифестација и промоција на збирката „Стихувалки 2026“

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје денеска ќе се одржи деветото издание на завршната манифестација на Деветтиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2026“. Основната цел на Фестивалот е поттикнување на книжевното творештво за деца и поддршка на авторите кои создаваат поезија наменета за најмладите. На распишаниот конкурс од организаторот пристигнале поетски творби […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје денеска ќе се одржи деветото издание на завршната манифестација на Деветтиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2026“.

Основната цел на Фестивалот е поттикнување на книжевното творештво за деца и поддршка на авторите кои создаваат поезија наменета за најмладите.

На распишаниот конкурс од организаторот пристигнале поетски творби од околу 150 афирмирани и неафирмирани автори од Македонија и од соседните држави.

Реклама

По избор на жири-комисијата, 84 автори се застапени со свои песни во заедничка збирка „СТИХУВАЛКИ 2026“, со што фестивалот продолжува да открива нови авторски имиња и нови книжевни вредности во литературата за деца. Објавените песни континуирано беа претставувани на фејсбук страницата „Стихувалки – поетски фестивал“, каде и публиката имаше можност да гласа за своите фаворити.

На свеченоста ќе биде промовирана збирката „Стихувалки 2026“ и ќе им бидат врачени признанија на сите 84 застапени автори, а секој автор ќе добие бесплатно и примерок од збирката. Ќе бидат доделени и благодарници за сите учесници, подржувачи и соработници.

Ќе бидат соопштени традиционалните награди за трите најдобри песни – златна, сребрена и бронзена плакета, како и две специјални награди: за најдобра песна од странски автор и специјалната награда за песна што добила најголема поддршка од публиката. Сите наградени автори ќе добијат и пригодни подароци од организаторот и поддржувачите.

Носител и организатор на проектот е издавачката куќа ЕДУКА МАК – Скопје, а автор и програмски уредник на проектот е писателката м-р Ели Маказлиева. Промотори на збирката ќе бидат членовите на Жири – комисијата: проф.д-р Елизабета Бандиловска и проф.Лила Арсова. Свеченоста ќе биде збогатена со музички точки.