Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Умреле додека чекале операција? Алиу на денешниот брифинг: „Има пациенти, кои, за жал, не се веќе меѓу нас, а биле и се на листата на чекање“

Листата на чекање се чисти, имаме пациенти, кои, за жал, веќе не се помеѓу нас и тие треба да се чистат. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу на новинарско прашање какви злоупотреби се прават со листите на чекање и до каде се постапките за утврдување дека некои од лекарите злоупотребуваат, односно бараат мито за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Листата на чекање се чисти, имаме пациенти, кои, за жал, веќе не се помеѓу нас и тие треба да се чистат. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу на новинарско прашање какви злоупотреби се прават со листите на чекање и до каде се постапките за утврдување дека некои од лекарите злоупотребуваат, односно бараат мито за да ги оперираат пациентите.

– За листа на чекање – сѐ уште сме во фаза на анализа. Имаме сознанија од пациенти, граѓани, но не можам ништо да кажам јавно бидејќи тоа не ни е доволно. Има примери кога пациент, кој треба да се оперира, се враќа назад бидејќи крвната слика не е доволно добра за да може да се оперира. Пациентот прави крвна слика во друга лабораторија, излегува дека сѐ е во ред, но мора да ги анализираме и да работиме да го детектираме таквиот тип на можни злоупотреби, како тие со листите на чекање. Исто така, листата на чекање се чисти, имаме пациенти, кои, за жал, веќе не се помеѓу нас и тие треба да се чистат, но тоа не можеме ние како Министерство, мора заедно со здравствената институција, фактички тие законски мора да ги чистат и ние да одиме со наши вработени физички таму за да може на самото место да се чисти и да се ажурира – истакна министерот.

Тој беше запрашан и тоа зошто не им се дава на луѓе со траен инвалидитет потврда за тоа.

Реклама

– Ние направивме работна група помеѓу двете министерства и од таа работна група по неколку состаноци, по мое барање да смениме и закон ако треба, нѐ известија дека законот не треба да се смени во оваа фаза бидејќи тој дава можност за траен инвалидитет. Но ќе треба да се работи повеќе со комисиите за да може тие реално да бидат таму каде што има траен инвалидитет и тоа траен инвалидетет да се одобри. Јас пред две-три недели пратив писма до сите комисии за да може да ги анализираат тие пациенти кои навистина имаат траен инвалидитет да не треба да се појавуваат, туку да имаат решение за траен инвалидитет. По нашите првични анализи, некаде 1,4 милион денари државата троши дополнителни средства затоа што непотребно се враќаат пациентите што треба да имаат траен инвалидитет, а се враќаат во здравствениот систем, што ни создава дополнителни финансиски трошоци – нагласи тој.

Притоа истакна дека ќе има средба со сите комисии.

– Ќе анализираме онаму каде што има законски можности бидејќи тие, на крајот на краиштата, се професионалци. На крајот на краиштата, тие треба да се потпишуваат и да даваат решение за траен инвалидитет. Но, како и да е, некои пациенти имаат очигледно проблеми со здравјето, кое очигледно не може да се подобрува, на пример, ако нема нога, не може да нема траен инвалидитет бидејќи ногата е орган што не расте. Ќе наложам сите комисии да мора да работат според јасно дефинираните правила. Ако не се јасно дефинирани, тогаш ќе направиме законски измени – одговори министерот.