Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Аеродромци добиваат нов мултифунционален центар

Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, попладнево извршија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, попладнево извршија увид во градежните активности за реконструкција и целосно уредување на нов мултифунционален центар. Беше објаснето дека во него, аеродромци ќе може да уживаат во концерти, кино-проекции, мултимедијални проекции, театарски претстави, ликовни изложби, конференции и други настани.

Мултифункционалниот центар се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, како што истакнаа надлежните, ќе претставува место со што ќе се збогати културниот и социјалниот живот на жителите.

Станува збор за целосна реконструкција и комплетно уредување на простор од околу 1.500 квадратни метри. Општина Аеродром со овој проект аплицирала на повикот на Владата и добила 99 милиони денари за првата фаза од реконструкцијата.

Реклама

Со реконструкцијата се очекува овој простор да биде целосно облагороден. Покрај главна сала – гледалиште, предвидено е да опфаќа и фоаје, бифе и едукативни простори-работилници. Исто така, најавено е да биде изграден и лифт со што, како што беше нагласено, ќе се реши пристапноста до содржините на мултимедијалниот центар за сите категории граѓани.

Гледалиштето во главната сала се очекува да има над 240 места за седење и дополнителен ред приспособен за лица со посебни потреби во колички.

Премиерот Мицкоски рече дека Општина Аеродром генерално била прилично амбициозна што се однесува до проектите што ги финансира Владата и во првиот и во вториот повик некаде околу 15 милиони евра вкупно била сумата на проектите што се финансираат од Владата, кога на тоа ќе се додадат и делот од кофинансирањето што го има самата општина, „доаѓаме до навистина еден силен би рекол инвестициски циклус“.

– Овој објект што денеска направивме увид, преставува навистина нешто што ќе е додадена вредност во културниот живот, не само во општина Аеродром, туку и во Скопје и ние како Влада, ова го препознавме и заедно со општината ќе го реализираме и чувствувам дека кога ќе биде сето ова готово и целиот овој облик на ова маало ќе изгледа поинаку, сигурен сум дека не само општината, туку и скопјани ќе го користат овој мултифункционален центар на културата или културен центар како сакаат. Им честитам на градоначалникот, на советниците што ја поддржуваат неговата работа, на пратениците коишто доаѓаат од Општина Аеродром, на администрацијата, на министерот што препознаваат вакви проекти што понатаму ќе бидат дел од проектот за Скопје, град на културата и дел од секојдневниот живот на аеродромци и скопјани, така што навистина претставува нешто со што ќе се гордееме, подвлече премиерот.

Градоначалникот Митески рече дека во овој простор, жителите ќе можат да уживаат во концерти, театарски претстави, кино-проекции, ликовни изложби, конференции и многу други настани.

– Центарот, со површина од 1.500 метри квадратни, ќе биде целосно пристапен за сите, со модерна сала за 240 посетители, фоаје, бифе и едукативни простори. Со овој проект не само што го збогатуваме културниот живот, туку создадаваме место каде заедницата ќе се среќава, учи и ужива заедно, дециден беше градоначалникот.