Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: Ние победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме

,,Доколку ние, луѓето кои што ја сакаме Брвеница и ја сакаме Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

,,Доколку ние, луѓето кои што ја сакаме Брвеница и ја сакаме Македонија се обединиме, како што ова можам вечерва пред мене да го видам, ова обединување, оваа недвосмислена поддршка, тогаш нема невозможна работа“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ја има неговата и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на предвремените локални избори.

,,Тоа што некои мислат дека е невозможно е возможно и победуваме на 18-ти октомври. Јасен е профилот и јасна е конкуренцијата на овие предвремени локални избори и јасен е победникот на овие предвремени локални избори. Стојанчо ја има мојата и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на овие избори“, кажа Мицкоски.

Реклама

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање пред присутните од каде повика на масовно обединување на граѓаните на претстојните избори, а потсети и на времето на претходната власт.

,,Седум години ја ограбуваа, ја распродаваа и ја уништуваа Македонија. Како да овие луѓе до пред само две и пол, три години, не беа тие коишто беа понижувани преку партија фудбалчиња и баскет парти во кабинетите и беа верни слуги на оние кои што владееја со нив. Како да заборавиле и на модуларната болница, како да заборавиле и на стабри и на мархиуана економија. И денеска еве ги тука пред вас, ви кажуваат како тие биле опцијата, како тие ќе го нанеле ударот врз идниот градоначалник Стојанчо, и како тие ќе помогнеле да не бидеме ни ние тие кои што ќе влезат во вториот круг“, вели Мицкоски.

Тој повика на обединување на 18-ти октомври, затоа што, како што вели, опозицијата не е алтернатива.

,,Не се тие алтернативата. Тие се луѓето кои што ја ограбија и уништија Македонија. Зарем сакаме тие времиња да се вратат, кога понижени со свиткана кичма потпишуваа бели листови хартија, распродавајќи ја државата и истовремено ги полнеа своите џебови. Зарем тие истите луѓе, коишто седум години не водеа сметка да ве прашаат и погледаат во очи, како ви е, како се живее и што треба да направат за вас, за вашето место, за вашата општина и за нашата заедничка татковина. Единствено нешто за кое што се грижеа беше нивниот паричник, нивниот удобен живот, дебелите персиски килими, кожните фотелји и што е можно повеќе да украдат од вас граѓаните“, рече Мицкоски.