Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Велковски: Не се укинува вториот пензиски столб, станува збор за пренесување на законската одредба во друг закон

Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски ги отфрла наводите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски ги отфрла наводите дека се укинува вториот пензиски столб со предлогот за бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6 отсто во вториот пензиски столб.

-Не се укинува вториот пензиски столб. Со предложените измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување не се укинува ниту вториот пензиски столб ниту придонесот што се уплаќа во него. Станува збор за законско и техничко усогласување на регулативата. Со член 17 од Предлог-законот, кој е објавен на ЕНЕР, се предлага бришење на член 120 од постојниот закон кој ја регулира стапката на придонесот за вториот пензиски столб. Но, тоа не значи дека придонесот се укинува или дека се укинува вториот пензиски столб – наведува Велковски во писмена изјава.

Напротив, додава министерот, неговото нормативно уредување се пренесува во Законот за задолжителни социјални придонеси, каде што системски ќе се регулираат прашањата поврзани со задолжителните социјални придонеси.

Реклама

-Значи, вториот пензиски столб продолжува да постои, а придонесот продолжува да се уредува со закон. Станува збор за пренесување на законската одредба во друг закон, а не за укинување на пензискиот столб – појаснува Велковски.