Македонското образование е подготвено за новата ера на технологијата. Надлежните со план вештачката интелегенција да ја користат учениците, но само како помошник. Министерството за образование вели дека тоа во никој случај нема да биде замена з апишување на домашни задачи. Учениците сепак ќе треба да размислуваат кога учат. Преку обуки и работилници за наставниците, чекор по чекор, сигурно и безбедно вештачката интелегенција да најде место во процесот на образување на децата.
„Децата и денес користат АИ, но училиштето треба да ги научи како да ја користат вештачката интелегенција за анализи, да не споделуваат лични информации. Ние правиме напори за наставниците да го направат она што е потребно, учениците треба да ги истражат сите можности, затоа тука се наставниците за да ги усмерат децата што е добро а што е лошо.“– вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Експертите предупредуваат – најголем ризик за ученикот е целосно да се потпре на ЧатГПТ, да престане да користи книги, да истражува, анализира и размислува самостојно. Затоа клучната улога останува кај просветните работници.
„Ризиците се да добиваат готови информации без да се потрудат да ги побараат, да имаат 100% доверба во ЧАТГПТ, да не користат книги, да не се креативни, зависни да станат, наставниците треба да ги воочат овие ризици и да превземат соодветни мерки.“– вели министерката.
Во изминативе девет месеци, 195 наставници и професори од 80 училишта ширум Македонија бесплатно поминале обуки и курсеви за користење на АИ. Тие добија сертификати, а она што го научиле ќе треба да им го пренесат и на своите колеги.

