Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Прилози

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Приходите од родот доаѓаат подоцна, а трошоците се прават сега. Во пресрет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приходите од родот доаѓаат подоцна, а трошоците се прават сега. Во пресрет на есенската сеидба Владата им помага на земјоделците со 9,5 милиони евра за зелена нафта. Со помош на оваа мерка работниците во земјоделството со помалку грижа можат да ги наполнат резервоарите на земјоделските машини со кои ги обработуваа нивите. Првите картички за зелена нафта беа доделени  во Свети Николе и Битола а вкупно подготвени се над 48000 картички за покривање на дел од трошоците за гориво. Министерот за земјоделие, Борче Серафимовски, истакна дека помошта има непосредна практична вредност за секој земјоделец во државата.

„Со почеток на распределбата финансиската поддршка започнува да стигнува до земјоделците во период кога имаат потреба за вложување во подготовка на нивите, за купување на семенски материјал и ѓубрива, како и за одржување на механизацијата. Приходите од родот доаѓаат подоцна, а трошоците се прават сега. Затоа, зелената нафта има непосредна практична вредност за секој земјоделец во државата“, изјави Борче Серафимовски, минситер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Помошта за земјоделсите преку картичките за зелена нафта е различна, во зависност од големината на земјиштето и видот на земјоделските проиазводи што се одгледуваат.

Реклама

„Помошта се движи од 3.200 до 12.000 денари по хектар. За пченица, јачмен, пченка, ориз и другите култури во таа група изнесува 3.200 денари, а за сончоглед, маслодајна репка, луцерка и останатите култури во соодветната категорија – 4.800 денари по хектар. За градинарските култури опфатени со мерката и за лозовите насади се предвидени 9.600 денари по хектар. За јаболко, круша, слива, праска и другите овошни култури во оваа група износот е 12.000 денари, а за дуња, калинка, бадем, лешник и останатите култури во нивната категорија – 8.800 денари. За тутунот помошта е 11.000 денари, а за оревите и питомите костени – 6.000 денари по хектар“

Годинава поддршката во зелена нафта е зголемена за 12,3%.

Поддршката на министерството за земјоделство опфаќа повеќе сектори. Откако пчеларите пријавија помал принос на мед, министерот Серафимовски најави помош, и во моментот се подготвуваат налозите за исплата на субвенциите за пчеларите. Претходно од министерството најавија и помош за винариите и оризо-производителите, а веже се обезбедени 450000 вакцини за овците.