Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Телевизија, телеком оператор, кабелски оператор, рудник, па дури и една банка –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Телевизија, телеком оператор, кабелски оператор, рудник, па дури и една банка – најамлку 5 македонски компании и биле понудени на тацна на Бугарија од страна на владата на СДСМ во 2022 година. Не биле само јазикот, културата, историјата и идентитетот, туку СДСМ биле подготвени на Софија да продадат и големи приватни фирми кои се од капитално значење за Македонија, а источниот сосед би ги користел за оставрување на свое влијание. Или едноставно, со владата на СДСМ Македонија како да била на акција со сезонски попуст. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски сведочи дека во тоа време македонската власт на Бугарија им дале празен лист, тие си напишале што сакаат и владата потпишала.

„Политиката на СДСМ да прифатиме се на Бугарија постоеше од претходно, во 2022 година се и прифатија на Бугарија им дадоа празен лист на Бугарите, Бугарите си напишаа што сакаат и овие го потпишаа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ владата на Христијан Мицкоски не се договараше да во пакет и не знам како затоа што се работи за приватни компании – на Бугарија и на бугарски капитал да се продадат една национална телевизија еден телеком оператор, една банка, еден рудник и еден кабелски оператор, ние такви работи не договаравме ниту договараме, такви работи договараше владата на СДСМ, предводена од Зоран Заев од Димитар Ковачески, каде што министер за здравство беше Венко Филипче“, изјави Александар Николоски, министер за транспорт и врски

Токму поради ваквата поданичка политика, односите со Бугарија се на вакво ниво како што се. Но сега работите се поинаку. И како што вели Николоски, во тоа е суштинската разлика помеѓу сегашната влада и претходната, затоа што сега на маса не се ставаат националните интереси.

Реклама

“Тоа е суштинската разлика помеѓу нас и нив Ние мора да се концентрираме на овие работи затоа што мора да знаеме како сме стигнале до овде. Ние не сме стигнале до овде затоа што сме се разбудиле едно утро и немаме попаметна работа, па ајде сега ќе се расправаме со соседите, туку затоа што на другата страна имаше политичка структура која што единствено и само ја интересираше да ги наполнат џебовите и да ја дувнат и затоа сега се во состојба во каква што се.”

Сведочењето на вицепремиерот за понудата на компаниите, не е нова.  Околу тоа дека на Буагрија освен национални интереси и се нуделе и бизнис зделки, се шпекулишрае уште на времето, но сега тие информации добија и потврда. Познато е дека дел од семејството на екс-премиерот Зоран Заев има свои бизниси во Бугарија, исто како и дел од поранешните и сегашни високи функцинери на СДСМ.