Обвинение за телесна повреда за 24-годишниот битолчанец кој ја тепал и со голи раце ја давел својата 21-годишна партнерка.
Според обвинението, по вербална расправија, обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шлаканици, а потоа ја стегал за вратот и устата. Со тоа ѝ нанел телесна повреда, неколку нагмечувања и крвни подливи.
Во текот на постапката за прибирање докази, на обвинетиот му беше определен притвор поради опасност од бегство и можност да го повтори насилното однесување. Обвинителството во образложението посочува дека ги имало предвид и информациите дека тој непосредно по настанот избегал од полициска станица и неколку дена не бил достапен. Бидејќи смета дека ризиците и натаму постојат, јавниот обвинител со обвинителниот предлог побара од судот да ја продолжи мерката притвор.
На вчерашниот протест против семејното насилство и фемицидите, Бети Ангеловска, мајката на претепаната 21-годишна девојка, изрази страв дека обвинетиот наскоро може да биде пуштен на слобода и праша кој ќе ја заштити нејзината ќерка.

