Протести наместо решение, одолговлекување наместо постапување и преземање одговорност. Опозицијата го користи и проблемот со кравите во Крива Паланка за да прави скандали. Па така, денеска на улиците на оваа општина имаше протест на граѓани, меѓу кои беа градоначалникот, пратеници од СДСМ и Левицата, кои обвинуваат дека институциите не презеле ништо за решавање на проблемот. Во еден момент имаше и мали кошкања со полицијата, но за среќа, се заврши мирно. Протестот го најави градоначалникот Митовски, кој со денови се жали за проблемот, а не презема ништо конкретно што е во негова надлежност. Од Агенцијата за храна и ветеринарство веќе имаат постапено, а на состанок со градоначалникот му дале и инструкции што треба да направи општината. И опозициските советници од ВМРО-ДПМНЕ предложија конкретен акциски план за кој се расправа на Советот на Општината.