Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Прилози

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Изградбата на Коридорот 8 е можност добрососедските односи да ги преточиме во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на Коридорот 8 е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати – е пораката од шефот на македонската дипломатија, кој учествуваше на министерсткиот состанок во Софија.  За Македонија , Коридорот 8 е национален стратешки приоритет. Но, еден коридор, , не може да напредува само на одделни делници, Затоа, сите земји учеснички, вклучително и Албанија, сега треба сè повеќе да се насочат кон мерлива реализација, конкретни рокови и видлив напредок на терен, вели Муцунски.  Земјава е е подготвена да го исполни својот дел од обврските и да ја забрза изградбата .

„Коридорот 8 е многу повеќе од само транспортна рута. Тој е стратешки европски коридор. Го поврзува Јадранското со Црното Море, ги поврзува пазарите, економиите и луѓето. И што е особено важно, ги зајакнува врските, како што спомена и комесарот Калас, меѓу Западен Балкан и Европската Унија. За мојата земја, Коридорот 8 е јасен национален стратешки приоритет. Нашата географска положба нè става во срцето на Европа, меѓу Истокот и Западот. Наша одговорност е таа географска положба да ја претвориме во предност преку подобра поврзаност, подобра економска соработка и поголема регионална безбедност“, вели Тимчо Мууцунски, министер за надворешни работи и трговија.

Домаќинот на средбата, бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, истакна дека мора да се престане со размислување за мали парцијални проекти и инфраструктурата да се набљудува како еден голем стратешки коридор. Според неа, Бугарија има политичка волја, а проектот нуди потенцијал за патна, железничка, енергетска и воена мобилност.

Реклама

„Но, јасно е дека овој коридор не е само една отсечка на картата, туку навистина претставува можност за поголема поврзаност во регионот. Важно е да се разгледува од повеќе аспекти – транспортен, што е најочигледно, но и од аспект на безбедноста и воената мобилност, како и од енергетски аспект“, вели Велислава Петрова-Чамова, министер за надворешни работи на Бугарија.

Поддршка за брза реализација пристигна и од Брисел. Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека во регионот веќе се спроведуваат над 130 проекти за патишта, железници и гранични премини, но нејзината визија е сите земји од Западен Балкан да станат дел од Унијата.

„Една од областите на кои треба да работиме се транспортните врски низ нашиот континент. Тие ги поврзуваат луѓето, го намалуваат времето на патување и ги намалуваат трошоците за водење бизнис. Тоа нè поврзува нас, Европејците, и токму тоа сакаме да го постигне Коридорот 8 – да го поврзе Јадранот со Црното Море и да донесе придобивки за луѓето во Бугарија, Северна Македонија, Албанија и пошироко“, Марта Кос, еврокомесарка за проширвање на ЕУ.

Крајниот рок кој министрите си го задодоа за изградба на Коридорот  е 2032 година.