Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Андоновски: Очекувам во 2027 камен-темелник за националниот центар за податоци

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува во 2027 година да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува во 2027 година да биде поставен камен-темелник на националниот податочен центар, за што е во постојана комуникација со Министерството за транспорт.

-Ја утврдивме локацијата, точно ја знаеме парцелата. Сега ќе работиме на нејзино урбанизирање, поврзување, за да може да аплицираме. Активно бараме извори на финансирање кај нашите меѓународни партнери. Така што, кога ќе имаме договор за двата аспекта – утврдена локација со урбанистички проект и избран финансиер – ќе излеземе во јавноста, рече Андоновски, додавајќи дека на јавноста ќе и покажат проект со изработена студија за влијанието врз животната средина и социјалната студија.

Во гостување на една од националните телевизии, Андоновски соопшти дека се работи и на наоѓање потенцијални инвестиции во приватни центри за податоци и во таа насока, рече, често имаат состанок со некој потенцијален, заинтересиран меѓународен инвеститор во приватен центар за податоци. 

Реклама

– Нотиравме определени локации и за нив разговараме со потенцијалните инвеститори, но сè уште немаме конкретен проект за да можам да зборувам во јавност. Силно сме заинтересирани за ова прашање и утре имаме конференција со приватниот сектор на којашто наши компании ќе дискутираат кои се нивните можности кои ќе им ги понудат на потенцијалните инвеститори во центри за податоци – во смисла на инфраструктура, знаење, изградба, одржување на тие системи, електроенергетска мрежа, поврзување… Драго ми е што и приватниот сектор се буди, сака да се појави на пазарот и самиот тој ја организира оваа конференција, рече министерот. 

По неодамнешната поплава и исклучувањето на струјата во зградата на поранешна „Нова Македонија“, каде што покрај неколку министерства засегнати биле и податоци на Министерството за дигитална трансформација и националниот портал за е-услуги, серверите од таму биле преместени на новата локација на Министерството за да не се дозволи, рече, прекин во услугите за граѓаните.

​-Вакви случаи, кога несоодветно се чува опремата, кога нема доволно осигурување, обезбедување и струја, може да се случуваат постојано на критични системи во државата. Имавме среќа што ние сме подготвени како Министерство, веднаш реагиравме, но не можам да гарантирам дека секоја институција во државата е подготвена на ист начин да реагира. Кога имаме национален податочен центар, тоа е обврска на една институција да се грижи, таа си има протоколи, начин на постапување и нема да дозволи вакви работи да направат прекин во критичната инфраструктура, затоа што ќе има второ напојување, ќе има батерии, ќе има агрегати за заштита…, додаде Андоновски.

Министерот во интервјуто за МРТ соопшти и дека е веќе подготвен од експерти првиот текст на стратегијата за вештачка интелигенција и многу скоро ќе почнат широки дискусии и консултации во јавноста за да се соберат сугестии и забелешки.

-Нема да брзаме, но очекувам дека до крајот на годината ќе имаме финален текст. Мислам дека сме подготвени, имаме многу солиден текст.  Една од првите активности што ќе ги имаме е донесување на закон за употреба на вештачката интелигенција во 2027 година и очекувам дека тој закон ќе ја поттикне употребата, рече Андоновски, додавајќи дека целта е вештачката интелигенција да се користи за добро, наместо да се злоупотребува.