Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Оболенски, професор на Оксфорд: Царството на Самуил е македонско, неговото име отсуствува од традицијата на бугарската црква

Ако денес Бугарија се обидува да го присвои цар Самуил како свое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако денес Бугарија се обидува да го присвои цар Самуил како свое ексклузивно наследство, тоа не било случај „пред неколку децении“. Имено, во бугарската православна литература не се среќаваат традиции поврзани со Самоил. А кога сепак се пренесува нешто за него, тоа обично е проследено со „одредена воздржаност“. Ова се должи на фактот што бугарската црква во тоа време немала значајна позиција во македонското царство на Самуил.

Проф. Дмитриј Оболенски, Филолог, историчар, византолог, член на Британската академија (1974)

Ова е заклучокот на Дмитриј Оболенски од Универзитетот во Кембриџ (сер Дмитриј Оболенски (1918–2001) истакнат руско-британски историчар и византолог, кој студирал и кратко време предавал на Универзитетот во Кембриџ, пред да оствари долга кариера како професор во Оксфорд).

Реклама

Во своето дело „Богомилите“ од 1948 година, на страница 151, Оболенски пишува за Самуил:

„И покрај овие неоспорни докази, за името на Самуил сè уште се врзува постојано сомневање за хетеродоксија. Значајно е тоа што, додека големите православни цареви Борис, Симеон и Петар често се величаат во спомениците на бугарската литература и станале предмет на национален култ, името на Самуил речиси целосно отсуствува од бугарската православна литература и секогаш е обвиено со превез на воздржаност. Објаснувањето за овој факт веројатно лежи во положбата на бугарската црква во македонското царство на Самуил. Со тоа што одбил да го признае укинувањето на старата бугарска патријаршија, наложено од Јован Цимиски и со поставувањето на сопствен патријарх, Самуил ги прекинал сите односи со Вселенската патријаршија. Во очите на византиската црква и држава, тој секогаш останал бунтовник. Во рамките на сопственото царство, Самуил бил принуден да води политика што во суштина била националистичка, како во црковна, така и во политичка смисла; за да биде успешна, оваа политика барала соработка на сите страни и групи во Бугарија во остварувањето на една цел – уништување на византиската власт и нејзината доминација над балканските Словени. Оваа соработка, пак, претпоставувала состојба на внатрешна рамнотежа, па затоа е разбирливо што Самуил не можел да си дозволи да ги отуѓи богомилите, кои во тоа време сигурно претставувале значителен дел од неговите поданици. Оваа веројатна толеранција кон еретиците од политички причини можеби и ја поттикнала народната легенда што го поврзува цар Самуил со богомилството.“

Изворите од десеттиот век не укажуваат експлицитно кој регион или региони во Бугарија може да се сметаат за првобитно огниште на богомилската секта. Сепак, врз основа на збирните докази што ги опфаќаат географските фактори, индиректните историски податоци и подоцнежните извори – кои допрва треба да се разгледаат – може да се потврди дека Македонија била колевката, а подоцна и упориштето на богомилството на Балканот, вели Обленски.

Да издвоиме два заклучока од горенаведениот цитат:

-Името на Самуил речиси целосно отсуствува од бугарската православна литература и секогаш е обвиено со „превез на воздржаност“.

-Царството на Самуил се дефинира како Македонско царство. Дека „царството на цар Самоил беше повеќе македонско отколку бугарско“ е мислење кое го застапува и Вилијам Милер.